STL библиотеки

Најдобрите online бесплатни библиотеки

Во продолжение ви доставуваме селекција на најдобрите веб страни кои што нудат бесплатни STL фајлови за  3Д принтање. Секоја од нив ви овозможува да пребарувате 3Дмодели и да ги симнете за ваша употреба. И што е најважно, се е апсолутно бесплатно.

Pinshape

Pinshape е 3Д заедница и “marketplace” на бесплатни STL фајлови. Корисниците можат да симнат 3Д принтабилни објекти и модели. Оваа страна овозможува лесно пребарување и успешно принтање на квалиетни 3Д дизајни. Тие се неутрални во однос на хардверска поддршка и имаат карактеристики како што е ‘prints’, кој што им овозможува на корисниците да качуваат нагодувања за принт и фотографии на моделите со што се постигнува подобро печатење на 3Д објектите.

Thingiversepen_holder_1

Најверојатно најдобрата страна и библиотека на STL фајлови. Thingiverse е создадена од MakerBot Industries, креаторите на популарната Replicator серија на 3Д принтери. Страната е добро поставена и осмислена со голем број на партиципиенти, дедицирани создавачи на 3Д објекти кои постојано поставуваат бесплатни STL фајлови од различни категории и комплексност. Ако барате супер кул објекти за печатење ова е многу добро место да побарате.

Yeggi

Yeggi е уште еден пребарувач кој пребарува фајлови компатибилни за 3Д принтери низ главните 3Д принтинг веб страни. Можете да погледнете некој од популарните пребарувања за да добиете идеја за што заедницата е најмногу заинтересирана. Корсничкиот интерфејс не е нешто посебен, но претставува ефективна алатка за брзо пребарување.

3Dagogo

“Just create and sell.” Тое е премисата на 3Dagogo, платформа за купување и продавање на 3Д модели за принтање. Но голем дел од нив се бесплатни и се верифицирани од сајтот за нивниот квалитет. Во тек е револуција за персонализирано производство, а 3Dagogo е само еден таков пример на оваа листа.

Bld3r

Bld3r се опишува себеси како социјална мрежа за 3Д принтинг и претставува просперитетна заедница на создавачи на 3Д објекти кои ги поставуваат и споделуваат нивните креации. Корисниците можата да гласаат за најдобрите модели, така што најпопуларните креации брзо се издигнуваат на врвот и брзо стануваат забележани.


pen_shelfCults

Лоцирана во Франција, Cults е аедница и marketplace каде создавачите на 3Д објекти можат да ги споделуваат и продаваат нивните креации. Овде стандардите за STL фајлови се многу високи и корисниците можат да го следат нивниот омилен дизајнер и да добијат инстантни апдејти кога нова креација е постирана.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *