Што е 3Д принтинг?

3d_print3D печатењето (принтинг) ви овозможува физички да произведете објекти кои се креирани виртуелно. Преку кумулацијата на последователни дво-димензионални слоеви, со 3D печатењетo се добиваат предмети, кои се целосно доследни на вашите креации во однос на обем, боја и изглед.

Времето потребно за добивање на реален предмет, од цртежи или CAD софтвер, е само неколку часа. Брзо, ефикасно и ефтино - 3D печатењето е идеална технологија за сите ваши потреби.

3D принтинг работи на тој начин што го конвертира 3Д дигиталниот дизајн на тенки пресеци кои се утврдени со помош на софтверот кој го користи 3Д печатачот. Овие информации потоа се праќаат до машината, каде што почнува да се депонира материјал, слој по слој, еден над друг, со што се создава 3-димензионален објект. Овој процес се нарекува "Адитивно слоевито производство".