Што можам да испринтам во 3Д?

3Д принтинг како револуционерна технологија бележи се поголем успех и се повеќе расте бројот на индустрии и дејности каде оваа технологија наоѓа своја примена. Во продолжение Ви претставуваме дел од тоа што може да испринтате во 3Д:

Аксесоари- привезоци за клучеви, рамки за очила, футроли за мобилен телефон, држачи за мобилен телефон, футрола за визит карти, итн.

Накит - обетки, привезоци за ланчиња, алки, прстени...

Предмети за домот - украси, вазни, чаши, држачи за моливи, рамки за слики, калапи за колачи...

Персонализирани објекти – табла со име, напишана порака во 3Д, било каков предмет кој содржи некаков текст по избор...

Делови - делови од механизми, апарати за домаќинство...

Прототипови и макети

Протетика

Индустрии:protetika

  • Машинска
  • Медицина и стоматологија
  • Автомобилска
  • Архитектура
  • Уметност и дизајн
  • И многу други

 

Изборот зависи од вашите потреби, а дизајнот од вашата креативност. Дизајнот го подготвувате сами или најмувате професионалец. Доколку немате претходни познавања од 3Д дизајн, постојат голем број на едноставни online апликации кои не бараат знаења во оваа област, а ќе ви помогнат да изработите солиден 3Д модел подготвен за печатење. Можете да искористите и некој од многубројните готови модели кои ќе ги најдете online или како дел од нашата галерија.