Logo_mk3D

MK3D Printing прв и водечки 3Д принтинг сервис во Македонија чијa што основна дејност е дизајн и принтање на 3Д објекти. 

MK3D Printing, како пионерски, иновативен и просперитивен 3Д сервис може да Ви помогне да ги претворите Вашите виртуелни 3Д креации во физичка реалност.

Нашата мисија е да го воведеме 3Д принтањето во Македонија и да им помогнеме на луѓето да ја прифатат идејата дека се што можат да замислат и да дизајнираат како 3Д модел во некој од многубројните  CAD апликации, може да се испринта и физички да се допре.

За нас, 3Д принтигот е еден од најиновативните и најреолуционерните откритија коешто сега е достапно за сите нас.

Бидејќи светот денес станува се повеќе дигитален, децентрализиран и поврзан, нашиот пристап кон развој на производот ќе го промени светот засекогаш. Транзицијата веќе се случува за производите за широка потрошувачка. Луѓето ќе можат лесно да креираат свој сопствен призвод без да бидат врзани за изборот кој што го имаат во продавница. Како резултат на тоа, вредноста на производот за потршувачот ќе се зголеми, а отпадоците ќе се намалат.

“Набрзо, наместо купување на предмети коишто се произведени во фабрики во големи количини, ние ќе купиваме објекти (производи) во количина од само едно парче, специфично за нас” –Eric Carreelfor- основачот на “Sculpteo” за магазинот Forbes

Дали сакате да преминете од концепт кон фаза на имплементација?

Дали сакате физички да ги видите и допрете Вашите креации? Да видите како тие се однесуваат во реалниот простор?

Контактирајте не!